Кривичниот суд денеска донесе одлука со која го одби предлогот за притвор за началникот на 5-та Управа, Горан Грујевски, ниту мерки за претпазливост за останатите четворица осомничени во случајот „Тврдина“ меѓу и поранешната министерка Гордана Јанкулоска.
Претходно истиот суд додели мерка притвор за Грујовски, која беше преиначена во куќен притвор.
Странките во постапката имаат право на жалба на решенијата на судија на претходна постапка до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот.
Предметот под име „Тврдина“ се однесува на незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите, поточно два технички системи. И покрај тоа што опремата не била технички застарена и била функционална, била уништена.
На Грујовски пред одлуката за аболиција на Претседателот, Ѓорге Иванов, му беше одреден притвор, но по одлуката на Иванов тој излезе од затвор.