УПОЗ: Се прават обиди да се прекине штрајкот

by fokus

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) обвини дека претседателите на апелационите судови и на основните судови донеле одлука дека за време на штрајк треба да се работат скоро 90 проценти од сите постапки во судовите.

“Бидејќи заклучокот од тој состанок кој се одржал во Судскиот совет нема печат, ни штембил, туку само потписи се поставува прашањето, дали истиот е законски и дали таквиот заклучок може да биде задолжителен за штрајкувачите бидејќи не е донесен од институција која е надлежна за судството. Во текот на денешниот ден во сите судови се одржуваат колегиуми помеѓу претседателите на судовите и судиите. По завршувањето на колегиумите судиите ќе мораат да го спроведат заклучокот, а доколку судските службеници не ги работат постапките кои се наведени во заклучокот ќе добијат дисциплински постапки. Ваквата ситуација може да создаде конфликти помеѓу штрајкувачите и судиите, а штрајкувачите се се повеќе иритирани”, е вели во соопштението на УПОЗ.

Според УПОЗ, ваквите постапки на претседателите на судовите се спротивни на членот 238 од Законот за работни односи.

УПОЗ информира дека за оваа ситуација е известена Меѓународната (МОТ) од каде биле известени дека работодавчите постапиле спротивно на законските норми. УПОЗ заедно со Здружението на судска администрација најавија дека ќе поднесат тужби до МОТ.

Поврзани новости