На денешната лидерска средба нема никакви поместувања во преговорите, бидејќи и двете страни, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се уште не отстапуваат од почетните позиции.
Како што брифираат партиските извори по паузата на денешната лидерска средба двете страни, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, не успеаваат да утврдат рамка во која би се одвивале понатамошните преговори за надминување на политичката криза.
Според неофицијални информации, Али Ахмети доставил предлог да се формираат работни групи кои би утврдиле мерки и решенија за излез од кризата, но Зоран Заев го отфрлил тој предлог опстојувајќи на ставот дека повлекувањето на Никола Груевски и формирањето на преодна влада е основен предуслов за било какви разговори.
По паузата, продолжи лидерската средба која е во тек.