487
Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев разговараа со пратеници од македонското Собрание за можните локации за изградба на нов Универзитетски клинички центар.
Од Министерството за здравство велат дека, целта е да се вклучи и опозицијата во дебатата, а средбата се одржала вчера попладне во македонското Собрание. Биле презентирани предложените локации со цел да се разгледаат сите можни аспекти за да се најде соодветна местоположба за објектот.
– За ваков голем проект од национален интерес како што е Клиничкиот центар, ја вклучуваме и опозицијата во дебата. Нема партиски, национални или други разлики за изградба на новиот Клинички центар. Потребна е координација, интерактивно и усогласено функционирање, истакнал Филипче.