Мицкоски: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе изгрее зората на слободата

by fokus

Oвие црнила се со цел создадени, за да завладее молкот, за да царува стравот, за да доминира беспарицата, за да владее болката и неизвесноста, за да не се зборува за неправдите, за да не се делува против обесправеноста, сиромаштијата и давачките, црното здравство, образованието кое нема квалитет, земјоделието кое се урива, младите кои си заминуваат за да не се вратат. Ние ќе го победиме стравот, ќе го прекинеме молкот, ќе ја победиме црнината, порча претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

Мицкоски се осврна на економските политики на владата на СДСМ и Заев, потенцирајќи дека македонската економија доживувеала целосно фијаско.

-Зборувам за економското фијаско, зборувам за сите овие црнила и темнини кои што ни се случуваат, сите овие лаги целиот овој неморал, целиот овој криминал што се случува во македонското општество.  Сето ова тонење кое што се случува не само морално туку и економски, општествено секако тонеме по во било кој параметар, кажа претседателот Мицкоски.

Тој рече дека не може да се сети на ниту еден добар проект на Владата на СДСМ и Заев, додавајќи дека не верува дека ќе има нешто добро и во наредниот период во кој што следува.

Мицкоски, им порача на граѓаните на општина Гевгелија, да издржат во ова истрајна борба против ова црно време, црна сиромаштија и црно владеење на Зоран Заев, нагласувајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе изгрее зората на слободата.

.

Поврзани новости