809
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му го укина притворот на Зоран Верушевски, иако се очекуваше да му биде изречена алтернативна мерка – куќен притвор, пренесува Утрински весник.
Според извори на весникот, одлуката за ослободување на Верушевски била донесена уште минатиот петок, но поради погрешно запишан број на неговата патна исправа, притворот бил укинат во текот на денешниот ден.
Претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за ослободување на Верушевски, веднаш бил распределен во Одделот за прекршоци.