Груевски: Заев не ги предава снимките, зашто сака да се одложат изборите

by Фокус

-Очигледно е дека лидерот на опозицијата Зоран Заев сака да ја одбегне обврската за предавање на материјалите на специјалниот обвинител и дека сака да направи ситуација за одлагање на изборите. СДСМ годината ја завршува во страв и паника дека им претстои тежок пораз на следните избори и казна од граѓаните за она што го направија, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Според него, СДСМ имала една главна обврска од Договорот од Пржино, односно да ги предаде прислушуваните материјали, и таа не ја исполнила.

-СДСМ имаше една важна клучна обврска и таа не ја исполнува, а тоа е да ги предаде материјалите на специјалниот јавен обвинител. Очигледно е дека Заев сака да ја одбегне оваа обврска, дека сака да направи ситуација во која што ќе се одложат изборите. Прават разни обиди за одлагање на изборите. Од секој можен агол се обидуваат да најдат начин како да предизвикаат кавга, како да предизвикаат растурање на договорот, рече Груевски.

Поврзани новости