Ултиматум од илјадници демонстранти: Итни мерки или блокада на сите градови

by Фокус

Во 17 часот започна масовен протест против загадувањето под мотото „Излези за воздух“. Илјадинци демонстранти пред Владата поставија улатиматум: Ако до 15 јануари не се преземат итни мерки за спречување на загадувањето, ќе бидат блокирани сите градови во кои има загадување.

Дваесетината граѓански здруженија од повеќе градови кои го организираа протестот, предложија и конкретни мерки за намалување на загадувањето:  намалување на цените на градскиот сообраќај, забрана за движење на возила со Еуро 4 стандард и возила на дизел, забрана за движење на секакви моторни возила во поширокото градско подрачје во случај аламантното загадување да трае повеќе од 24 часа, привремена забрана за работа за индустриските капацитети со интегрирана А и Б дозвола, привремена забрана на градежните зафати кои емитуваат градежна прашина.

-Џабе ги китите нашите градови за Нова година, ивестирајте во нашите градови да бидат чисти и да може да се живее. Вратете го нашиот воздух, модернизирајте ги фабриките, почитувајте го Уставот и меѓународните конвенции , џабе бел барок за црни души, рече Адријанит Џафери од „Еко Герила“.

Освен од Скопје, пред Владата имаше и луѓе од другите градови, како Тетово и Битола, кои заедно со Скопје се најзагадени градови во Македонија, но и во Европа.

-Повеќе лажги и дезинформации во животот не сум слушнал. Оваа година исекоа паркови и безброј дрвја, го уништија Водно, а за тоа ги обвинија оние кои немаат пари да се вклучат на парно и имаат стари автомобили. Бараме мониторинг и одговор зошто не се казнуваат тие што најмногу загадуваат, рече биологот и активист, Кирил Арсовски.

Поврзани новости