Нема недостиг на лекот „амоксиклав“, тврди министерот за здравство

by Fokus
Foto: MIA
Аптеките во земјава веќе се снабдени со антибиотиците „Оспен“ и „Амоксиклав“, кои главно се користат за деца, а повеќе од три месеци ги немаше на полиците на аптеките.
Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека од вчера се дистрибуираат значителни количини од овие антибиотици и оти проблемот е надминат.
Според него, целиот свет се соочува со недостиг на антибиотици и оти слични проблеми во земјава се очекуваат и во иднина.
„ Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на Агенцијата за лекови , во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со ’амоксиклав’ и го има во моментов“, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

Поврзани новости