Кривичниот совет ги одби жалбите на Специјалното јавно обвинителство, кое бараше мерки за претпазливост за осомничените во случајот „ТНТ”.
Тоа значи дека нема да им бидат одземени пасошите на експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кои се главни осомничени за нелегалното рушење на објектот „Космос”.
Барањата на СЈО се одбиени како неосновани, а од кривичниот совет потенцираат дека не е дозволена жалба на нивната одлука.
Инаку, во предметот „ТНТ”, Специјалното јавно обвинителство го сомничи Груевски дека дал наредба да се сруши Космос, сопственост на Фиат Цановски, а истата ја спровел Јанакиески и Трајковски преку градежната инспекторка во општина Гази Баба.