Талески го доби решението за куќен притвор

by fokus

Решението за  изрекување куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по пет дена пристигна од Скопје во Битола.

Од СВР Битола потврдуваат дека го добиле решението на Кривичниот суд и велат дека веднаш почнале да постапуваат по него.

Тоа значи дека сега битолскиот градоначалник треба да почне со издржувањето на  куќниот притвор во период од 30 дена.

Талески во случајот „Транспортер” е осомничен за коруптивни тендери во школскиот превоз, со кој го оштетил општинскиот буџет за 360 000 евра.

Инаку, против одлуката за притвор на Талески, денеска  имаше протест пред Кривичниот суд во Скопје. Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ)  бараа ослободување на градоначалникот од куќен притвор и го „охрабрија “  судот да не подлегнува на притисоци.

Поврзани новости