Нема лекови на рецепт зашто лекарите издаваат фиктивни рецепти и лековите се препродаваат, откри Заев

by fokus

Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.

Tој рече дека нешто повеќе од година се работи на ова прашање, дека контроли покажале злоупотреби, дека се прави комплетно информатички систем на контрола, дури има еден затекнат од времето на претходната власт и најави целосно решение на проблемот на есен.

-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот, рече премиерот Заев.

Тој изрази очекување дека на тој начин граѓаните нема да прават т.н. домашни аптеки, во грижа дека нема да најдат лек на рецепт, стои во соопштението.

Поврзани новости