Рикер и Брнз на гости кај Јанчев

by fokus

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Заедно со неа на средбата во Кавадарци допатува и помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Според Јанчев, средбата била работна и се случила во неговиот кабинет.

-Ова е моја прва средба со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз. Голема чест ми е што бев домаќин на високи политички претставници, како што се господинот Рикер и госпоѓата Брнс. Нивната посета е од големо значење за Кавадарци – ни изјави градоначалникот.

Кејт Мери Брнз е наследничка на функцијата од нејзиниот претходник Џес Бејли.Таа има 26 – годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот и има добиено осум награди за Највисока чест и за Заслуги и Награда за служба, како и две награди за заслуги за цивили службеници од Одделот за Армија на Министерството за одбрана на САД. Потекнува од Сарасота, Флорида, и е во брак со Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Морнарицата на САД.

И нејзиниот претходник, Џес Бејли беше во Кавадарци во февруари годинава, на средба со Јанчев. Тоа беше негова последна работна средба, а од Кавадарци порача дека тоа не е збогум, и како со градоначалникот веќе договориле наредна средба во САД, на семејна дружба.

Вики Клинчарова

Поврзани новости