На граничните премини и покрај зголемената фреквенција поради слободните денови за празниците, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од АМСМ предупредуваат дека во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација, информираат од АМСМ.