СДСМ: Наскоро ќе се одблокира Собранието

by Fokus 10:52
10:52

Новото парламентарно мнозинство ја презема обврската многу скоро да ги одблокира демократските процеси и да избере нова реформска Влада којашто ќе обезбеди добар живот за сите, соопштуваат од СДСМ.

Тие велат дека ваквиот чекор ќе биде направено согласно Деловникот на Собранието, Уставот и законите, како што доликува на одговорни политичари зад кои застанаа 700.000 граѓани на Македонија.

- Advertisements -

„Очекувањата на мнозинството граѓани во Македонија и на меѓународната јавност ќе бидат остварени, бидејќи тоа е единствениот правилен пат за Македонија.

Формирањето нова Влада е врвен приоритет за државните интереси на Македонија и за граѓаните.

Нова реформска Влада ќе овозможи решенија на многу горливи прашања за граѓаните, што веќе ја загрозуваат нивната егзистенција. Ќе ги исплати субенциите на земјоделците и ќе им обезбеди навремени и поголеми субвенции. Ќе обезбеди повисоки плати за работниците, како и стабилизација на фирмите и економијата.

За учениците, наставниците и родителите изборот на новата Влада ќе донесе укинување на стресното и непотребно екстерно тестирање. За здравствените осигуреници ќе биде овозможено бесплатно болничко лекување. За сите граѓани ќе има правда преку неселктивен и професионален правосуден систем“, се вели во нивното соопштение.

Поврзани новости