512
И на денешната среба на која работната група за спроведување на договорот од Пржино преговараше за Специјалниот обвинител не беше постигнат договор. Нова средба ќе има утре, а до крајниот рок остануваат уште четири дена.
Партиите не можат да се договорат за тоа дали Специјалниот обвинител треба да има заменици. Од СДСМ сметаат дека тој не може сам да работи на случаите и дека мора да има и помошници обвинители. Неофицијално, и меѓународните посредници кои се вклучени во процесот на преговорите го делат истиот став. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека барањето за заменици на Специјалниот обвинител излегува надвор од рамката на договорот од Пржино, но и дека е противуставно.