ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 20 години нема изградено ниту еден објект

by Фокус

Тоа што е договорено ќе се реализира, а најдобар показател за тоа е фактот дека Никола Груевски инсистира да има специјален јавен обвинител, како предуслов СДСМ конечно да се појави пред народот и да го погледне во очи, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Петре Шилегов од СДСМ дека Груевски не сакал да се избере специјален обвинител.

-Во СДСМ има синдром наречен рушење. Тие секогаш зборуваат само за тоа што ќе рушат, што ќе извадат и што ќе корнат. Ниту еднаш не кажаа што ќе направат и што ќе изградат. СДСМ дваесет години нема ставено ниту еден штраф, нема изградено ниту еден објект. Тие не знаат да градат, се вели во соопштението на владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, единственото нешто што е очигледно кај СДСМ е стравот од извесниот убедлив пораз кој ќе го доживеат на следните избори и тоа не може да го скријат.

Поврзани новости