Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

by Fokus

Министерството за внатрешни работи на Косово ја демантираше веста дека е договорено повлекување на специјалните полициски сили од објектот во општина Звечан.Утрово дел од медиумите објавија дека постои договор меѓу Српската листа и КФОР за повлекување на специјалната единица на косовската полиција од објектите на општина Звечан.

Портпаролката на косовското МВР Нора Фетоши за приштинските медиуми изјави дека нема договор ниту за ослободување на затворениците.

„Вестите за постигнување договор меѓу КФОР и демонстрантите не се точни. Нема договор за повлекување на војниците или ослободување на затворениците“, изјави Фетоши за „Klankosova.tv“.

Петмина српски учесници во насилните демонстрации во Звечан вчера беа уапсени поради напад на припадници на КФОР, тројца беа ослободени и се во редовна постапка, додека на двајца обвинителството им одреди 48-часовен притвор, соопшти косовската полиција.

Поврзани новости