Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

by Fokus

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”, што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја гледа како уште една потврда за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.

„Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси“, порача Спасовски.

Пријателството со САД е гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот, смета министерот за внатрешни работи.

„Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава. Благодарност до амбасадорката на САД  Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет“, Изјави спасовски.

Поврзани новости