Нема договор за гласањето на дијаспората

by Фокус

Денешната рунда преговори помеѓу претставниците на четирите најголеми партии заврши по три часа, но без постигнат договор за сите точки околу изборниот процес. И денеска учесниците во преговорите не дадоа изјави за јавноста, а иако се очекуваше конечен договор, тоа изостана.

Најголеми несогласувања има по однос на гласањето на дијаспората. Предлогот на СДСМ е гласовите од дијаспората да се претопат со гласовите од Македонија, со што сите гласови ќе имаат иста вредност, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека дијаспората заслужува да има свои пратеници.

Ставовите се доближени за составот и надлежностите на ДИК. Најверојатно, бројот на членови на комисијата од 7 ќе се зголеми на 9. Тројца ќе бидат по предлог на владеачките партии, тројца по предлог на опозицијата, а тројца од редот на експертите.

Преговорите продолжуваат утре, а главна тема ќе биде Специјалниот јавен обвинител. Досега, учесниците во преговорите се согласија само за начинот на прочистување на Избирачкиот список, кој ќе се прави со активна регистрација на гласачите.

Поврзани новости