Груевски: Кризната состојба е за да се обезбеди поефикасен транзит на мигрантите

by Фокус

Привремените регулациски мерки на Владата кон мигрантите се во насока на обезбедување поефикасен транзит низ државата, рече премиерот Никола Груевски за одлуката на Владата да прогласи кризна состојба на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти.

-Оценивме дека е потребно Владата да преземе одредени привремени регулациони инструменти со кои прво ќе им излезе во пресрет на мигрантите за тие да имаат хуман транспорт низ Република Македонија, што значи мора да биде повеќе контролиран нивниот влез и бројот на луѓе кои влегуваат за да може да им се пружи потребната помош кога ќе влезат во Република Македонија. Во таков голем број државата нема капацитет да им пружи помош, изјави Груевски.

Според него, поминувањето и транзитирањето на мигрантите низ Македонија создава проблеми за самите нив, но и безбедносни и други проблеми од хуман карактер.

Поврзани новости