ВМРО-ДПМНЕ е за класичен мнозински систем

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска при посетата на дебарско-реканскиот крај го кажа ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изборниот систем, откако повеќе партии меѓу кои и СДСМ ја афирмираа идеја Македонија да стане една изборна единица.

-Веќе долги години во Македонија имаме пропорционален систем со шест изборни единици. Од она што можам да го забележам тоа не прави никакви проблеми и системот е прилично добар. Ако веќе разговараме за промена на системот и ако сакаме да имаме некоја додадена вредност од оваа промена на системот, мислам дека воведувањето на мнозински систем на гласање е систем којшто може да биде нова додадена вредност, изјави премиерот Груевски.

Тој  вели дека ако се оди на промена, тогаш ставот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе класичен мнозински систем, бидејќи тогаш до израз доаѓала и личноста на пратеникот, а не само партиската припадност.

Поврзани новости