По неколку часа преговори во ноќта партиите не успеаја да постигнат договор за излез од кризата. Она што е договорено е само да продолжат со преговорите, но нема решение за ниту едно прашање кое било на дневен ред.
Посредникот Питер Ванхауте изјави дека дефинитивен договор нема, но дека разговорите биле корисни, четирите политички партии се договориле да ги продолжат преговорите.
Сега притисокот на странците ќе се засили затоа што Ванхауте ќе води поединечни разговори со работните групи за да се постигне компромис. Иако рокот веќе четири дена е пробиен партиите не успеале да ги усогласат ставовите околу надлежностите на министрите и замениците министри, пред се тие во полиција и труд и социјала, а отворени останале и Законот за бомбите и Законот за заштита на „свиркачите“.
На средабата присуствуваа и лидерите на четирите партии, како и амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија. Претходно, пред да започне средбата неколкумина амбасадори го посетија премиерот Груевски во обид да му укажат на значењето на решавањето на кризата.