Нелигитимните студентски преставници -вечна болка на УКИМ

by fokus

Студентскиот пленум реагира дека во изборот за нов ректор на УКИМ, учествуваат нелегитимни претставници, односно послушници кои не ги застапуваат ставовите на студентите.

Од Пленумот потсетуваат дека мандатот на претставниците на Студентскиот парламент е изминат во 2015 година и сè уште не се одржани избори.

 Во меѓувреме, велат дека се поставени 10 нови преставници без да знаат кои се тие и на кој начин се избрани.

– Студенти, ќе дозволиме ли во гласањето за ректор на УКИМ, во наше име, да гласаат послушници кои што не ги застапуваат нашите ставови? – пишува во соопштението на Студентски пленум

Инаку, кој ќе го замени ректорот Велимир Стојковски ќе се одлучува на 27-ми јуни, а планирано е да гласаат и новоизбраните претставници.

Поврзани новости