Павле Трајанов остана неповреден во сообраќајна несреќа

by fokus

Претседателот на Демократскиот сојуз на Македонија Павле Трајанов преживеа сообраќајна несреќа.

Сообраќајката се случила во саботата во 16 часот и 15 минути на автопатот Скопје Гевгелија, а утрово партијата на својот Фејзбук профил ја објави информацијата и фотографија од несреќата.

До незгодата дошло кога во близина на мостот на Водисирска Река, возилото кое доаѓало од спротивен правец престигнувало цела колона , на полна линија и директно удрило во возилото на Трајанов кое се движело во својата лента.

Поврзани новости