686
Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички.
Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра.
Ова денеска го соопшти вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски на денешната прес конференција.
Компаниите кои се санкционирани се Блу технолоџи, Евротим, Супертрејд, САНС АГ Штип, ЛИ ОИЛ, Пертинакс Скопје.