Неколку повредени однесени на клиники, Клиничкиот центар блокиран и под полициско обезбедување

by Фокус

Неколку повредени од престрелката во Куманово се пренесени на скопскиот Клинички центар, каде што веднаш им е укажана лекарска помош. Според информации на „Фокус“, скопските клиники се блокирани и не се дозволува никој да влезе во таму.

Нашите извори тврдат, дека дел од лекарите се повикани на работа, а на скопската Клиника за абдоменална хирургија се однесени дел од повредените полицајци. Засега, од таму никој не сака да потврдеи колку точно повредени се хоспитализирани и во каква состојба се.

Според „Телма“ повредени се 12 полицајци во Куманово

Поврзани новости