ДУИ: Граѓаните да останат ладнокрвни, МВР да постапува одговорно

by Фокус

Демократската унија за интеграција соопшти дека со голема загриженост ги следи денешните случувања во Куманово и апелира до граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не подлегнат на какви било провокации.

ДУИ сметаат дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ како и други, се дејствија што се во целосна спротиставеност со стратешките определби на албанскиот народ како во Македонија, на Косово, во Албанија ивоПрешевската долина.

„Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД, ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија. Медиумите и опинионистите да демонстрираат голема одговорност во ова многу деликатно време и да се воздржат од понатамошно поттикнување на тешката ситуација“, соопшти ДУИ.

Од партијата велат дека граѓаните на Куманово, особено од населбата каде тоа се случи, треба да останат мирни и да не подлегаат на разни дезинформации. ДУИ го повика МВР да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација.

Поврзани новости