Некој фрлил непозната материја во зградата „Скопјанка“, станарите евакуирани со отежнато дишење

by fokus

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуирани се жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.

Во моментов полицијата врши увид, а на терен се противпожарно и амбулантно возило.

Поврзани новости