Кандидатката за претседател на Македонија поддржана од Левица – Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил искоментира во врска со поканата на Бујар Османи за ифтар вечера за сите кандидати, освен неа и за Стевчо Јакимовски.
„Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател. Прво, Османи, очигледно, прави свои `црни листи` на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене, можеби, знае нешто што јас не го знам“, пишува Ванковска
„Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ). Да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година, мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене. Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат! Јас не припаѓам во тоа друштво” – стои во нејзината објава на социјалните мрежи.