Ковачевски: Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија

by Fokus

Димитар Ковачевски – претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите се осврна на достигнувањата на Владата во неговиот мандат кои се однесуваат на користењето на обновливите извори.

„Јас сум исто така многу среќен што во текот на мандатот на мојата Влада, за 2 години и еден друг аспект на екологијата беше исклучително високо на агендата и постигнавме резултати, а тоа се обновливите извори на енергија. Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија, сонце, вода и помал дел од биомаса, производство на електрична енергија“, истакна Ковачевски.

„Во споредба со она што беше до 2016 година, тоа е многукратно повеќе, тогаш имаше само 16 мегавати, сега само за 2 години – 600 мегавати. И тоа е начинот на којшто треба да се развива нашата држава во еколошки чиста со висока свесност и на самите граѓани за чистотата околу нас и со висока ангажираност на локалните самоуправи во однос и на чистењето и на зазеленувањето и на подоброто урбанистичко планирање во градовите“, порача тој.

Поврзани новости