Нејмар казнет со 3,5 милиони долари, ја загрозил животната средина во Бразил

by Fokus

Бразилските власти вчера соопштија дека фудбалската ѕвезда Нејмар е казнет со 16 милиони реали или 3,33 милиони долари) за прекршување на еколошките правила за време на изградбата на неговата крајбрежна палата во југоисточен Бразил.

Луксузниот проект на Нејмар да Силва Сантос Јуниор ги прекрши правилата во врска со користењето и движењето на изворите на слатководни води, карпите и песокот,  тврдеа локалните власти кон крајот на минатиот месец и потврдија вчера, јави Си-Ен-Ен.

Портпаролот на Нејмар одби да коментира за ова прашање.

Неговата резиденција се наоѓа во градот Мангаратиба на јужниот брег на бразилската држава Рио де Жанеиро.

Еколошкото тело на Мангаратиба вчера соопшти дека се направени прекршувања на животната средина „при изградбата на вештачко езеро во замокот“.

Покрај паричната казна, случајот ќе го истражуваат локалното државно обвинителство, државната цивилна полиција и канцеларијата за заштита на животната средина, меѓу другите тела за контрола на животната средина.

Поврзани новости