477
Иако беше презакажана за 15 часот, досега уште не е започната собраниската седница на која треба да се гласа за потребата од пристапување кон уставни измени, за што е потребно двотретинско мнозинство.
Официјални информации нема, но се шпекулира дека на власта и фалат уште еден до двајца пратеници за двотретинското мнозинство.
Претседателот Талат Џафери наводно им порачал на пратениците од власта кога ќе соберат двотретинско мнозинство да му јават за да почне седницата. Се споменува и можноста таа да биде презакажана за понеделник или среда.