Градскиот плоштад во Неготино синоќа беше место на кое се собраа стотици граѓани, во знак на поддршка на велосипедистот Јани Иванов (18) кој по тешка повреда на ‘рбетниот столб е хоспитализиран на клиника во Грција.
Со звуците на регионалната музичка атракција ,,Класико Бенд” и диџеј Double One, неготинчани му порачаа на Јани и неговото семејство дека не се сами. Сите средства кои беа собрани од продажбата на пијалокот кој се нудеше на штанд на плоштадот се наменети за скапото лекување на момчето, а граѓаните донираа и во поставените кутии за донации.
Во градот веќе една недела се организираат хуманитарни акции за да се собере сумата потребна за лекување на Јани, кој се повреди за време на еднодневното патување во Грција.
Пред неколку дена и градоначалникот д-р Горан Стојанов ги повика општествено одговорните компании од градот да дадат свој придонес и да донираат на сметката на Иванов, кому му е неопходна помош. Може да се донира и на телефонските броеви 143 464 за А1 и 143 140 за Телеком, или на сметка 200003894558043 Стопанска банка, јани Иванов, со назнака донација.
Вики Клинчарова