Холандија во септември ќе почне со нова вакцинација против ковид

by Fokus

Владата на Холандија денеска соопшти дека за време на есенската вакцинација против коронавирусот во септември, ќе можат да се пријават сите граѓани на возраст од 12 и повеќе години.

Холандското Министерство за здравство соопшти дека експертскиот советодавен одбор препорача новата рунда вакцинација „за да се зачува заштитата од тешка болест и смрт и да се зачува пристапот до здравствена нега“.

Бустер дозите ќе ја содржат новата вакцина, доколку се покаже дека обезбедува подобра заштита од новите мутации и доколку добие одобрение од Европската агенција за лекови.

Во Холандија завршува летниот бран на инфекција со коронавирусот, што доведе до зголемување на хоспитализациите, но не го преоптовари здравствениот систем.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се потврдени повеќе од 22.000 смртни случаи од Ковид-19

Поврзани новости