Неготино нуди 9.000 денари месечно на невработени кои ќе се вклучат во програмата Општинско – корисна работа

by fokus

Општина Неготино ги повикува сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино.

Право на учество во Програмата Општинско-корисна работ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица -корисници на социјална помош за време траење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош – информираат од општината.

Јавниот оглас за пријавување на евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско – корисна работа е објавен врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Неготино.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година е усвоен од Владата на Република Македонија, а Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ.

Вики Клинчарова

Поврзани новости