СДСМ: Анкетата на Божиновски е лажна, СДСМ има многу поголем рејтинг од ВМРО ДПМНЕ

by fokus

Од владејачката партија СДСМ велат дека е лажна и нарачана анкетата на Институтот за политички истражувања која покажува блага предност во рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ анкетата го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат, како што велат од партијата, светла иднина наместо темно минато.

„Овој институт е добро познат за јавноста кога во минатото објавуваше нарачани анкети со предност на ВМРО-ДПМНЕ од 3:1, секогаш кога на Никола Груевски тоа му беше потребно, што потоа беше демантирано од граѓаните на избори. Медиумите веќе објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и тн. Сите релевантни истражувања на јавното мислење потврдуваат дека СДСМ има многу поголем рејтинг од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството граѓани се за напредок, за иднина, за патот по кој чекори Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ“, соопштија од партијата.

Поврзани новости