Недостојно третирани херои

by fokus

Агрон Хајредини, добил златна медаља во дисциплината скок во далечина од место на овогодишната Специјална Олимпијада во Берлин, а во истата дисциплина Јулијана Петровска се закитила со сребрена медаља. Можеби не сум пратела доволно медиуми, ама да станеа овие двајца медиумски личности, херои на нацијата како што заслужуваат, ќе дознаев.

Пишува: Линдита КАДРИУ

Горд е на својот внук кој живее во Америка, во средно го прогласиле за ученик на генерација, а сега е запишан на универзитетот Харвард, во ИТ насока. Претходно Рон Бајрами конкурирал на Стенфорд универзитетот, но тој му рекол на син му Единец ти е, кај го носиш на 5.000 км далеку, ќе го изгубиш..ене ти го Харвард, дома. Живеат во Бостон.

Потем братучед ми раскажува дека и самиот имал интересен животен пат, нешто бев начула претходно. Студирал надворешна трговија на Белградскиот универзитет, каде тие години имало и други студенти Албанци. Имал проблем со еден професор поради кој ги положил сите испити во јунска сесија. Продолжил така, и на четврта година пак имал испит кај истиот.

Откако му ја запишал оценката јака седмица, тој застанува и му вели Професоре, нешто да ви кажам. Ако вие на прва година не ме искритикувавте поради мојот нагласок денес немаше вака да зборувам српски, вие ме направивте побогат човек. Ви благодарам. Засрамен, го зема пријавниот лист и таму му запишува повисока оценка.

Кариерата ја почнува во Марибор, со роднина отвараат слаткарница. За кратко време го завладеал занаетот, работата цветала, само што другиот повеќе си ја гледал својата професија како преведувач, и  ангажманот во дуќанот му останувал нему. Еден ден седнува и му вели Да се договориме, или ти продај ми го твојот дел, или јас тебе мојот. Другиот никако не се согласил, и овој станува, ја отвара касата и зема онолку колку чинел билетот до Тетово.

Тука започнува бизнис со јаболка, продавал на пазар, извезувал низ Југославија, и еден ден решил да однесе поголема количина во Хрватска. Робата ја натоваруваат во воз, а самиот тој, со трактор, во кочан студ на јануари, се упатил за Сплит, 680 км, со три попатни ноќевања.

Таму го викале господинот со јаболката: на пазар се појавувал со костум, свежо избричен, а под тезгата држел кофа со вода и пешкир. На секој час, вели, ги триев рацете за да ми се исчисти црното под нокти што се прави од јаболката. Рацете ми беа, еве, како сега.  

Потем кажува за уште еден семејна гордост. Внук му, од брат, Агрон Хајредини, добил златна медаља во дисциплината скок во далечина од место на овогодишната Специјална Олимпијада во Берлин, а во истата дисциплина Јулијана Петровска се закитила со сребрена медаља. Можеби не сум пратела доволно медиуми, ама да станеа овие двајца медиумски личности, херои на нацијата како што заслужуваат, ќе дознаев.

Има уште тројца спортски херои, недостојно третирани од државата. На Летните олимписки игри во Лос Алџелес во 1984, тројца овдешни спортисти станаа олимписки победници: Шабан Трстена, Шабан Сејдиу и Азис Салиу.

Трстена со ненавршени 18 години е најмладиот добитник на олимписко злато. Заедно пиеме чај во чаршија; за неговата, како и историјата на другиот пријател Шабан, во наредна прилика.

 

Поврзани новости