-Не постои законска и уставна можност да се делегираат специјални судии или да се формира посебен суд за предметите на Специјалното јавно обвинтиелство, изјави денеска претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова и со тоа демантираше дека Врховниот суд е инволвиран во процес за избор на посебни судии. Информациите дека таа е вклучена во тој процес следуваа откако Неделкова имаше средба со американскиот амбасадор Бејли, а провладините медиуми ја окарактеризираа постапката на Неделкова за предавничка.
-Судиите се доволно едуцирани за извршување на својата работа. Ако погрешат имаат право на исправка. Од каде ке ги донесеме тие специјални судии? Пак мораме од самите судови. Ако се нрпави специјален суд ќе имаме само поголема штата отколку полза. Не можеме да ги делиме судиите на добри и лоши и дека едните работат според закон другите не, па сега едните да бидат специјални. Немаме ние можност никаква да избереме судии, како Врховен суд. Секој суд има распоред според кој ги дели и ги работи предметите. Така сигурно ќе биде и со предметите на СЈО, заврши Неделкова.
Во однос на средбата со Бејли истакна дека таа била редовна и дека многу амбасадори барале средби со неа на кои се зборувало за состојбите во судството. Неделкова имаше работен појадок со новинарите на кој беше зборувано за транспаретноста на судството, односно се дефинираа модели како Врховен суд да биде подостапен за медиумите, а со тоа и до јавноста. Иако Неделкова е пред истек на мандатот како претседател, сепак смета дека никогаш не е доцна да се започне со потранпаретно работење и правење на судот повидлив во јавноста.