Кредитиниот рејтинг на ПроКредит банка е усогласен со рејтингот на Македонија

by fokus

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch” на 19 август  го намали кредитниот рејтинг на Македонија на “ББ” поради политичката криза во Македонија, по што следуваше намалување и на кредитниот рејтинг на ПроКредит, што всушност е усогласување на рејтингот со оној на државата.

-Ниедна институција не може да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг, објаснуваат од ПроКредит.

ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и се уште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија.

Поврзани новости