Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Зоран СТАВРЕВСКИ повратник во политиката
Да знаат сите копилиња, дека има светло во тунелот, и на надеж зраци
Мицко ме викна да му ги контролирам кадрите, за да не станат лудаци!
Што ли му текна да ме бара мене, после сѐ што зборев за нашата влада,
не знам, ама изгледа Мицко иако нема за леб, веќе сонува за чоколада!
Крешник БЕКТЕШИ министер за замрзнување
Сите знаеме дека слободниот пазар е суров, а и капитализмот не е фер,
и затоа ги замрзнав цените на куп производи, појак сум и од фрижидер!
Тоа се прави за да се спречи удар врз џебот на граѓаните и ценовен шок,
до кога вака, не знам, инфлацијата е производ што нема на траење рок!
Африм ГАШИ со полни џебови
Кога бев млад имав рап-бенд со име „Празни џебови“, но хитови немав,
што е иронично, откако куп функции од СДСМ за влез во владата земав!
Џабе партнерите на СДСМ се лути, демек премногу добила Алтернатива,
мојот „бенд“ ќе има полни џебови, ќе го тресеме буџетот како да е слива!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Димитар Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.