ВИДЕО Раперот Африм Гаши од „Празни џебови“

by Фокус

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, по вчерашното официјализирање на договорот со премиерот Зоран Заев за влез во Владата, истакна дека своевремено бил основач на музички бенд со назив „Празни Џебови“, сакајќи да каже дека не е во политиката од лукративен интерес.

-Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џепови“ и во тоа време во едно интервју на прашање од новинар што очекувате од музички аспект, реков не знам што, само знам дека името на групата нема да се смени. Така што ниту јас, ниту повисоките експоненти од мојата партија не сме во политиката за да ги наполниме џебовите и целосно се одважуваме и се дистанцираме од еден ваков вокабулар – рече Гаши.

Инаку, неговиот бенд во далечната 1995 година настапи со рап-композиција на популарниот албански музички фестивал „Нота Фест“,  а Гаши видеото од овој настап го сподели одамна на Јутјуб.

Поврзани новости