Недела не е ден за седење дома, порача Кирацовски од пелагонискиот регион

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на денешните средби од Могила, Новаци и Битола им порача на жителите да излезат и да гласаат „за“ на референдумот во недела.

„Денес заедно со моите колеги сме во пелагонискиот регион во општина Могила, општина Новаци и општина Битола, се со цел масовно да ги поттикнеме граѓаните да излезат во недела и да гласаат ЗА европска Македонија.

Почитувани граѓани,

Во недела се соочуваме со историска одлука. Сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и избор дали да одлучиме за изолацијата од минатото или за напредокот од иднината.

Како генерација имаме обврска да и помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација.

Клучен чекор за тоа е референдумот во недела.

Во недела, секој глас ЗА носи подобра иднина на нашите деца.

Што и да направите во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот и врз иднината на државата. Што и да направиме во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца врз идните генерации.

Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас.

Недела не е ден за седење дома, недела е ден во кој се носи историска одлука.

Недела е ден за гласање и затоа сите заедно одлучно и достоинствено да гласаме ЗА интеграција и напредок, да гласаме ЗА подобра иднина за нас и за идните генерациите.

Во недела сите заедно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија“, истакна Кирацовски.

Поврзани новости