Сообраќајна некултура: Не им дал предност во сообраќај, па физички го нападнале

by fokus

23-годишно момче од Скопје пријавило дека физички било нападнато од неколку непознати лица. Инцидентот бил поради недоразбирање околу предност во сообраќај, пренесува МВР.

„На 25.09.2018 година во 20.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, В.Р.(23) од Скопје пријавил дека на 24.09.2018 година околу 16.40 часот на улицата „Демир Трајко“, по претходно недоразбирање околу предност во сообраќај, физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“

Поврзани новости