Не запира масовното труење на ученички во Иран

by Fokus

Женски училишта во Иран се погодени од бран на болести. Според наводите, се разболеле ученички во најмалку 33 градови низ 17 ирански провинции на 4 март. Се појавија шпекулации за, како што некои тврдат, труења со штетен гас.

Само околу 10 од скоро 600 ученици присуствувале на настава на 4 март.

Ваквата појава предизвика и протести кај родителите, кои својот револт го искажаа надвор од образовните објекти. Протести на 4 март имало во најмалку четири области на Техеран и во градовите Исфахан и Ардабил, објави Радио Фарда.

Пригушениот одговор на властите поттикна некои да ја обвинат владата за намерно „труење“ на учениците, кои беа во првите редови на неколкумесечните антивладини протести, најголемата закана за иранските власти од револуцијата во 1979 година.

Група на свештеници во шиитскиот свет град Ком, која е блиска до иранското реформистичко движење, во изјава од 4 март, обвини дека очигледните напади имале за цел „да создадат терор за да ги спречат девојчињата да учат“ и да „создадат атмосфера на паника и страв од јавноста“.

Без да наведува никакви докази, групата обвини дека зад „труењето“ стои екстремистичкото движење.

Здружението на наставници и истражувачи од семинаријата во Кум дополнително предупреди дека нападите врз ученичките само ќе го зголемат натрупаното незадоволство од власта.

Поврзани новости