518
Стартот на учебната година со одлука на Министерството за образование беше пролонгиран за 4 септември, односно понделник. Сепак, учениците денешниот ден, први септември, ќе го одработат во некои од наредните саботи.
-Денот учениците ќе го одработат во утврдените саботите, учебната година ќе трае до 8 Јуни. Во основните училишта се запишани 20 437 првачиња, а во средните 17 364 ученици, меѓутоа бројките не се конечни, информираше министерката за образование, Рената Дескоска.
За непречено одвивање на наставниот процес, одобрени се нови вработувања во повеќе училишта низ земјава.