СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата

by fokus

Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ преку кое се збогатуваа поединци остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот и врз интересите на граѓаните, реагираат од СДСМ на обвинувањето дека не изградиле ниту еден километар автопат.

-Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните апетити на Никола Груевски ги чинат граѓаните најмалку 100 милиони евра, колку што изнесува штетата од пропустите на започнатите автопати. За разлика од таквиот криминален и расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ посветено работи на решавање на напластените проблеми и работи на унапредување на инфраструктурата во земјата. Доказ за тоа се и многуте потпишани договори со кои се обезбедуваат неповратни средства за развој и модернизација на инфраструктурата. По промените на локално ниво, што ќе се случат на следните избори, ќе се отвори можност преку домаќински и одговорен пристап да се подобри инфраструктурата и на локално ниво, да се изградат локални и регионални патишта, системи за водоснабдување и канализациски мрежи во интерес на граѓаните и нивните реални потреби, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости