Груевски апелира до Владата да остане фокусирана на работите што биле во фокус на претходната власт

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска при посета на населните места во Гази Баба ја критикуваше власта дека не биле посветена на економијата.

-По намалувањето на просечната плата доаѓа и до намалување на економијата или поточно на индустриското производство за 2,2 процента, што укажува дека нашите апели и укажувањата оти има сериозни ризици за назадување на економијата дека се исправни и дека работите во тој дел, во делот на екомномијата, на движењето на платите, на индустриското производство не одат во добар правец, изјави Груевски.

Според него, Владата не е фокусирана на економијата и нема доволен интерес да ги продолжат „добрите трендови во оваа област“.

-Оттука нашите апели до власта да остане фокусирана како што ние бевме фокусирани на отворањето на нови работни места, што како и еден од најголемите и најгорливите проблеми на граѓаните останува и понатаму, рече Груевски.

Поврзани новости