Не смее да нема терапија за болните од рак, порача сопругата на претседателот

by fokus

Исклучително е важно секоја жена и секој поединец да има достапност до овој ран скрининг затоа што, сите знаеме, превенцијата колку и да чини, сепак е многу помалку отколку да се третира. И не само економски, туку исклучително е важно да се посвети многу внимание на психолошкиот момент кај болните од канцер, истакна сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска која учествуваше на панел дискусијата “Пристап до третман и до услуги за рано детектирање” по повод одбележувањето на 4-ти февруари, Светски ден на борба против ракот, што се одржа во Europe House, Скопје.

Таа додаде дека е исклучително е важно и психолошкиот момент да се третира кај овие пациенти и кај нивните семејства затоа што ова претставува болест на целото семејство.

Според неа, за веќе заболените лица мораме да обезбедиме најсовремена терапија.

-Сите знаеме дека последните месеци имаше проблем во снабдувањето со терапија. Тоа навистина не смее да се случува односно тие пациенти мораат да ја добијат најсовремената терапија. Сега имаме иновативни лекови коишто можат многу да направат, рече сопругата на претседателот.

На настанот претставниците од здравствените установи и граѓанскиот сектор и пациентите, дискутираа за пристапот до третман на заболените од рак, пристапот до услугите за негово рано детектирање и други прашања поврзани со состојбите на оваа болест кај нас кои имаат есенцијална важност.

Поврзани новости