Ердоган прогласи седумдневна жалост, над 2600 загинати во Турција и Сирија

by fokus

Турција прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата.

-Прогласена е седумдневна национална жалост. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела, 12 февруари 2023 година, во сите наши национални и странски мисии, напиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер.

Одлуката доаѓа откако турските владини претставници пријавија уште 1.651 смртен случај, со што вкупниот број на загинати во Турција и соседна Сирија достигна 2.651.

Многу земји ветија помош по земјотресот од 7,8 степени. Студеното време ги отежнува спасувачките операции.

Поврзани новости